
Пикси си замина среде натпревар, помошникот ја водеше репрезентацијата
Тоа особено беше забележливо по ланскиот дебакл на Европското првенство кога Србија го освои последното место во групата со два бода. Од него постојано се бараше оставка, но Стојковиќ ја имаше поддршката од политичкиот врв, особено од претседателот Александар Вучиќ, па остана до ден-денес.
Сепак, српските медиуми тврдат дека вечерашниот натпревар против Албанија беше последен за Пикси како селектор. Во второто полувреме, додека Албанија водеше со 1-0, а Србија се мачеше да направи шанса, тој ја напушти клупата, се поздрави со своите соработници и замина во соблекувална.
„Стојковиќ стана од клупата и ја поздрави публиката со кренати раце во насока на трибината од каде се слушаше скандирање 'Пикси, оди си'. Од тој момент репрезентацијата ја водеше Братислав Живковиќ“, објавија српските медиуми.
По натпреварот, во првата изјава Пикси се пожали на високиот притисок од јавноста, како и навредите од навивачите на стадионите и социјалните мрежи. Од неговите зборови не може да се заклучи дека тој навистина си поднел оставка.
„Навистина не мислев дека Албанија може да не победи и овој пораз не требаше да се случи, не поради мене, туку поради репрезентацијата. Сепак, поразот дојде, јас го прифаќам и тука сум, како лидер на репрезентацијата, да ги сносам последиците“, рече, меѓу другото, Стојковиќ.
Србија ја очекува натпревар веќе за три дена против Андора на гостински терен, но ситуацијата во овој момент не е воопшто добро за оваа репрезентација.