
Мбапе ја напушти француската репрезентација
На десетина минути пред крајот на вчерашниот меч, голгетерот се пожали на повреда и беше заменет поради што во прашање беше доведен неговиот настап на дуелот со Гетафе идната недела. Од Мадрид стигнаа позитивни вести дека повредата не е сериозна, но Мбапе разговарал со селекторот Дидие Дешамп и го известил дека не е во можност да игра против Исланд.
„По враќањето на репрезентацијата во базата во Клерфонтен, Мбапе разговарал со Дешамп и му посочил дека не може да игра. Килијан се врати во својот клуб Реал и за него да има замена во составот“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на франција.
Мбапе се наоѓа во фантастична форма и постигна барем по еден гол на последните десет натпревари за клубот и репрезентацијата, но последните недели се жали на повреди и прашање е дали ќе може да го издржи напорниот ритам.