Маџари прокоцка плус 18 во Куманово, пресврт-победa за Гостивар!

Кошаркарите на Маџари беа на прагот на победа на гостувањето кај МКК Куманово, имаа предност од дури 18 разлика, но ја прокоцкаа во последната четвртина, домаќините победија со 82-76, триумф во финишот испуштија и Ангели кои со 91-86 беа поразени од Гостивар, по голема борба Кожув го совлада Тиквеш со 72-70 среде Кавадарци.

Маџари имаше одличен влез во натпреварот со Куманово, ја добија првата четвртина со 25-14, во финишот од вториот период ја имаа и најголемата предност од 18 разлика, водеа со 46-28. Но, како одминуваше натпреварот предноста им се топеше. На почетокот од последните десет минути имаа солудни 11 разлика предност, но успеаа да ги загубат до крајот и со пораз се враќаат во Скопје. Кумановци го добија мечот со 82-76.

Радукиќ беше најдобриот поединиец во составот на Куманово, имаше дабл-дабл учинок со 22 поени и 10 скокови. Кај Маџари Хот постигна 16 поени, Димчевски и Грин реализираа по 15.

Ангели имаа одличен старт на мечот со Гостивар, водеа речиси во текот на целиот дуел, паднаа кога најмногу требаше во последните минути и не направија изненадување. Во финишот од третиот период на двапати водеа со 18 поени разлика. Гостиварци во последната четвртина покажаа дека се поквалитетен противник, го кренаа нивото, ги добија тие десет минути со 34-17 и дојдоа до победа од 91-86.

Фантастичен меч имаше Абрам кој со 34 поени беше предводникот на Гостивар во победата, за Ангели најмногу поени даде Богатиновски, 21.

Интересно беше и на мечот меѓу Тиквеш и Кожув кој го добија гостите со 72-20. Неизвесноста траеше до последните моменти, на крајот гевгелискиот тим се израдува на триумф во Кавадарци.

Пурвис со 18 поени беше најфикасен во составот на Кожув, кај Тиквеш Бошалески даде 17 поени.