Катастрофа: Тиквеш постигна само три гола за едно полувреме против Бешикташ

Ракометарите на Тиквеш се наоѓаат пред дебакл против турски Бешикташ во Европскиот куп на ЕХФ, откако во првото полувреме постигна асамо три голови.

Тиквеш беше ужасен во нападот, па од 14 обиди кон голот на Бешикташ погоди само три пати, додека турскиот гигант успешно ја полнеше мрежата на кавадарчани (16-3).

Кавадарчани имаат цело второ полувреме да го поправат впечатокот, но нема да биде лесно против моќната турска екипа.