
Нова сензација во Шангај: Риндеркнеш го елиминира Медведев!
Медведев беше подобар во првиот сет и го доби со 6-4, но потоа почна проблемите за Русинот, а тоа знаеше како да го искористи Риндеркнеш и да слави во следниот со 6-2.
Русинот напаѓаше во третиот сет, но пропушти три брејк-топки, по што казната стигна во 10. гем кога Риндеркнеш стигна до 6-4.
Риндеркнеш за титулата во Шангај ќе се бори против Валентин Вашеро, кој претходно го елиминира Новак Ѓоковиќ.
Фото: EPA