Пелистер в понеделник ќе почне со продажба на билетите за мечот со Барселона

Македонскиот ракометен шампион Пелистер во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), на 15 октомври ќе се соочи со шпанскиот гигант Барселона во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Барселона гостува в среда во Битола, а билетите за мечот против Барселона ќе бидат пуштени во продажба в понеделник од 12 часот.

Дуелот меѓу Пелистер и Барселона се игра в среда од 20.45 часот.