Две годин не настапил за Милан, а има поголема плата од Рабио и Модриќ

Во летото 2022 година Милан го доведе Дивок Ориги кој пристигна со искуство од Лил и Ливерпул. Ориги на „росонерите“ им се придружи како слободен фудбалер и потпиша договор на четири години според кој заработува четири милиони евра по сезона.

Дебитираше во август истата година во триумфот над Удинезе, а првиот гол го постигна против Монца во септември, додека за вториот чекаше до јануаи 2023 година кога стрелаше против Сасуоло.

За да се врати во форма Милан го испрати на позајмица во Нотингем форест, но и таа епизода заврши неславно. Откако се врати во Милан, клубот објави дека ќе оди во резервниот тим, меѓутоа никогаш не се појави на тренинзите, некое време работеше одвоено во Фиренца и Рим за потоа буквално да исчезне.

Најголем проблем за Милан е неговата висока плата, имено тој заработува повеќе од Рабио и Модриќ, а последниот настап го имаше во мај 2023 година.

Фото: Juventus FC