Каков малер: Српската ѕвезда пак се повреди! (ВИДЕО)

Штотуку се опорави од повредата поради која не го доигра Евробаскетот, Богдан Богдановиќ заигра за Клиперс и повторно мораше принудно да го напушти теренот.

Во подготвителен натпревар за новата НБА сезона, Лос Анџелес Клиперс го совлада кинескиот тим Гвангжу со 142-95, а капитенот на српската репрезентација одигра само две минути.

Се повреди и со помош на помошниот тренер Лоренс Френк со болна гримаса на лицето замина во соблекувалната. Неофицијално се работи за повреда на долниот дел од грбот.