ФФМ ја казни Шкендија поради однесувањето на навивачите

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ѝ изрече казна на Шкендија поради однесувањето на навивачите на дуелот против Силекс, одигран на 28 септември.

Тетовскиот клуб ќе треба да плати 5.000 евра затоа што во првото полувреме од тој меч, присутните на стадионот користеа пиротехнички средства, како последица на што се направи голем дим и вон употреба беа камерите на стадионот и ВАР системот. Одлуката стапува на сила веднаш штом биде официјално објавена во гласилото на ФФМ.

Утеха за Шкендија е тоа што го доби натпреварот со Силекс со 2-0 и се проби на третата позиција на табелата.