
Убиен поранешен УФЦ борец, го пукале од возило во движење
Убиството се случило во средата околу 18:00 часот по локално време додека Моктаријан бил во прошетка.
Сведоци на настанот истакнале дека напаѓачите биле со црвено од Ауди од кое испукале неколку куршуми кон борецот. Била повикана и брза помош, но докторите по пристигнувањето можеле само да констатираат смрт кај 33-годишникот.
Убијците се уште не се уапсени и полицијата трага по нив. Медиумите наведуваат и дека ова не е првпат Мокатаријан да се соочи со криминалци. Во февруари 2024 година маж облечен како доставувач на пица се обидел да го застрела, но не успеал.
Во својата кариера беше дел и од најсилната ММА организација УФЦ каде што дебитираше во 2018 година.