Барса го избрка, а тој сега е најефикасен голгетер во Европа!

Ансу Фати кој летово ја напушти Барселона и се пресели во Монако, изгледа конечно е на добар пат да ја оживее кариерата.

Кога се појави на големата сцена на Фати се гледаше како на некој кој може да биде наследник на Меси, но потоа дојдоа повредите кои го спречија да ги оствари големите очекувања, барем засега.

Долго време беше надвор терените, но и кога беше подготвен не добиваше прилика. Минатата сезона ја помина на позајмица во Брајтон, меѓутоа и таму не се снајде, па премиерлигашот не го откупи. Сега, во Монако му оди и тоа како добро.

Имено, на пет натпревари во сите натпреварувања Фати постигна шест гола, иако само еднаш одигра 90 минути. По ефикасноста во одиграните минути тој е прв голгетер во најсилните европски лиги и погодува на секои 42 минути.

Зад него на листата се Хари Кејн со гол на 57 минути, Влаховиќ погодува на 63, Мбапе е на 67, а Халанд на 68. Треба да се каже дека во предвид се земени само фудбалерите кои постигнале најмалку четири гола.

Фото: AS Monaco