
Елмас остана на клупа, Наполи со пресврт до три бода против Џенова
Џенова прва постигна гол на дуелот во Неапол преку Екатор во 34. минута, по што резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме.
Антони Конте успеа да ги разбуди своите ѕвезди на полувремето, па Наполи преку Ангиса и Хојлунд стигна до целосен пресврт.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска не доби шанса, па остана на клупата за резерви до крајот на средбата.
Фото: Napoli