Рома со пресврт ја покори Фиренца и го презема врвот во Серија А

Фудбалерите на Рома со пресврт триумфираа на гостувањето кај Фиорентина (2-1) и со тоа се искачија на врвот во италијанската Серија А.

Фиорентина прва зададе удар преку Кин во 14. минута, но до крајот на првите 45 минути водството беше на страна на „Волчицата“, која преку Суле и Кристанте погоди за 2-1.

До крајот на натпреварот не се менуваше резултатот, па Рома ја запиша петтата победа во италијанскиот шампионат.

На останатите натпревари, Болоња со 4-0 ја прегази Пиза, додека Удинезе ремизира против Калјари (1-1).


Standings provided by Sofascore

Фото: AC Roma