
Пелистер го искористи неиграњето на странците на Работнички и - лесно го освои Скопје!
Работнички поради суспензијата на ФИБА за регистрација изречена поради шест пријави од поранешни кошаркари и функционери за неисплатени обврски немаше можност да ги користи странските засилувања, а во таква ситуација не можеше да му се спротистави на битолскиот клуб кој доминираше на теренот.
Многу брзо гостите го наметнаа своето темпо и уште по првата четвртина имаа двоцифрена предност водејќи со 13-27.
Се обидуваа центарци да се вратат и на неколку пати доаѓаа до негатива од седум-осум поени разлика, сепак на полувреме водството на Пелистер и понатаму беше двоцифрено (40-52).
Почетокот на второто полувреме донесе уште поголема доминација, па гостите стигнаа и до над 30 поени кога веќе беше јасно дека бодовите одат во Битола. На крајот домаќините останаа на огромни „минус 40“.
Не помогнаа за Работнички ниту 38 поени на Ефремовки, додека за Пелистер најефикасен беше Србиот Малешевиќ со 22 постигнати поени.