
Големо изненадување на турнирот во Шангај – по мерка на Новак Ѓоковиќ!
Овој резултат директно може да влијае на натамошниот тек на турнирот, бидејќи Нишика сега стана можен противник на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето, отстранувајќи тенисер кој и тоа како можеше да го намачи Србинот. Пред тоа, најдобриот на сите времиња треба најпрво да го совлада Германецот Јаник Ханфман во третото коло, за да обезбеди дуел со јапонскиот тенисер.
Рубљов важеше за фаворит во овој дел од ждребот, па неговото рано испаѓање претставува вистинска сензација во Шангај. Ѓоковиќ, кој во петокот во второто коло го победи Марин Чилиќ (7-6, 6-4), сигурно не го очекуваше ваквиот развој на настаните, но сега му се отвора потенцијално полесен пат кон завршницата на турнирот.