Беше пред заминување од Манчестер сити, а сега потпиша до 2031 година

Ставена е точка на неизвесноста околу иднината на бразилскиот фудбалер Савињо во редовите на Манчестер сити. Иако беше на чекор до преселба во Тотнем пред крајот на преодниот рок, сепак сега одлучи да стави потпис на нов договор со „граѓаните“.

Интересот од лондонскиот клуб беше сериозен, особено во последните денови од преодниот рок, но преговорите во финишот пропаднаа, а тоа му го отвори патот на Савињо да седне на маса со раководството на Сити за продолжување на соработката. На, крајот двете страни се договориле и гигантот од Манчестер потврди дека Савињо потпишал до 2031 година.

Потписот на Савињо доаѓа во период кога не добива премногу минутажа и од стартот на сезоната забележа само девет настапи и три од нив беа на Светското клупско првенство кде што одигра и најмногу минути, 300 од вкупно 511 колку што има сезонава. 

Од неговото доаѓање на „Етихад“ летото 2024 година Савињо вкупно одигра 54 натпревари во кои постигна четири погодоци.

 

Фото: Manchester City