
Циркус во Турција: Рајковиќ настрада од судиската тројка (ВИДЕО)
Сепак, начинот на кој загуби Рајковиќ, односно неговиот тим Тофаш е скандалозен. На три секунди пред крајот, Блажевич го донесе Тофаш во водство со 91-90, а домашниот тим немаше ни тајмаут, па мораше да го почне нападот од под својот кош.
Акцијата ја предводеше Камингс кој го помина центарот на теренот и сакаше да шутир, но му избега топката, па изглуми дека е фаулиран од противничкиот кошаркар Џенгиз за што доби три слободни фрлања. Рајковиќ, кој беше во непосредна близина, тотално збесна и побара челинџ, но јасно беше дека судиите нема да ја сменат својата одлука.
Кошаркарот на Галатсарај максимално го искористи подарокот, ги погоди сите три слободни фрлања и му донесе победа на својот тим..