Тошевски се пресели во Белгија - ќе игра за единствениот тим без победа!

Македонскиот напаѓач Давид Тошевски доби нов предизвик во кариерата, односно потпиша договор со белгискиот тим Дендер.

Тошевски стави потпис на двегодишна соработка со Дендер, со опција договорот да биде продолжен на уште една година, а притоа треба да биде големо засилување во нападот на тимот кој нема победа во Белгија оваа сезона.

Дендер по девет одиграни меча во најсилната белгиска лига се наоѓа на дното на табелата со само три освоени бодови.

Македонскиот фудбалер во кариерата го носеше дресот на Работнички, Ростов, Австрија Клагенфурт, Шибеник и други екипи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FCV Dender EH (@fcdender)