
Рајо Ваљекано ја потцени Шкендија - со „втора“ постава против македонскиот првак (ФОТО)
Од натпреварот против Севиља во неделата, денеска меѓу стартните 11 има само тројца фудбалери: голманот Батаља, стоперот Лежен и левото крило Алваро Гарсија. Во тимот од почетокот нема да биде најдобриот стрелец на екипата во Ла Лига, Де Фрутос, десниот бек Андреј Рациу, левиот бек Пеп Шаварија, како и најдобриот асистент Иси Паласон.
Од стартот, на терен ќе биде капитенот Оскар Трехо, потоа стрелецот на голот против Барселона, Унаи Лопез, како и напаѓачот Серхио Камељо, но дури и со ваков тим, Рајо е апсолутен фаворит на денешниот натпревар.