За разлика од Тетово, во Мадрид времето е прекрасно - сонце ја дочека Шкендија

Временските услови во Македонија се ужасни, речиси цел ден врне и температурата се движи со 10 степени Целзиусови.

Во Мадрид, ситуацијата е дијаметрално спротивна. Сончево време со температура од 27 степени ја дочека Шкендија која попладнево, односно вечерва му гостува на Рајо Ваљекано во првото коло од Конференциската лига.

Македонскиот првак ги има сите услови за добра фудбалска претстава, а дали ќе ги искористи, ќе видиме од 18:45 часот.