Костулас пресилна за Ѓорческа во осминафиналето на турнирот во Самсун

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа немаше сила за нова сензација на турнирот во Самсун, Турција, откако денеска загуби од Софија Костулас со 0-2 во сетови.

Тенисерката од Белгија, која воедно беше осма носителка на турнирот, играше фантастично во првиот сет и го освои со 6-1.

Ѓорческа даде поголем отпор во вториот сет, кој траеше 45 минути, меѓутоа македонската тенисерка не успеа да најде решение за расположената Костулас (4-6).

Да потсетиме, Ѓорческа вчера беше подобра од поранешната најдобра на светот, Каролина Плишкова.