
До каде стигна поранешниот европски шампион: Во Цибона не ги знаат правилата (ВИДЕО)
Хрватите синоќа играа против словачката екипа Приевидза која на домашен терен ја победија со осум разлика (91-83), а синоќа успеаја да ја сочуваат предноста. Сепак, во финишот од мечот, при еден тајмаут се случи момент кој најдобро ја отсликува состојбата во редовите на некогашниот гигант во југословенската и европската кошарка.
Место да местат акција, играчите и стручниот штаб потршија половина тајмт во дебата дали ќе се игра продолжение ако разликата на крајот биде идентична како во Загреб. На крајот дојде спортскиот директор и рече дека дефинитивно нема да има продолжение ако биде осум разлика што, секако, не е точно.
По основните 40 минути, Приевдиза славеше со точно осум разлика (87-79), па се играа дополнителни пет минути по кои Цибона загуби со 94-101 и за еден поен обезбеди пласман во групната фаза каде ќе игра со Дижон, Реџана и Башкими.