Македонските клубови четири пати играле со Шпанци – немаат победа и постигнаа само еден гол

Шкендија вечерва гостува кај Рајо Ваљекано во првото коло од главната фаза во Конференциската лига и тоа ќе биде прв натпревар на македонска против шпанска екипа по пауза од осум години.

Последен кој се сретна со Шпанци беше Вардар во групниот дел од Лигата Европа во историскиот настап во 2017 година. Тогаш „црвено-црните“ во третото и четвртото коло играше против Сосиедад, но тие натпревари не се во добро сеќавање на навивачите на скопскиот клуб затоа што вкупната гол разлика од нив е 0-9 (0-6 во Скопје и 0-3 во Сан Себастијан).

Многу пред Вардар да игра со Сосиедад, во 2000 година, Пелистер ѝ беше ривал на Селта во Интертото купот кој повеќе не постои. Откако ги елиминира Хобшајд од Луксембург и Вастра Фролунда од Шведска, битолчани се сретнаа до клубот од Виго и на теренот не се посрамија иако имаше некои работи пред мечот во Шпанија кои навистина беа за срам. Селта на домашен терен славеше со 3-0, а во Битола беше 2-1 за шпанскиот клуб.

На четирите меча на македонските клубови против ривали од Шпанија не само што се претрпени четири порази, туку вкупна гол разлика изнесува 1-14.