
Синер категоричен: Ѓоковиќ не е во иста категорија со мене!
Тој истакна дека сè уште не може да се спореди со српскиот ас.
„Секогаш велам дека кога ме споредуваат со Новак, мора да се има предвид сè што тој има освоено. Тој е во сосема друга категорија. Јас сум само 24-годишник кој се обидува да игра најдобро што може,“ изјави Италијанецот.
Ѓоковиќ шест пати го има освоено турнирот во кинеската престолнина и таму досега никогаш не е поразен. Синер, покрај големата почит кон Новак, нагласи дека има исто толку респект и за Роџер Федерер и Рафаел Надал.
„Знам дека на почетокот од кариерата освоив важни трофеи, но останува да се види колку долго ќе успеам да издржам. Она што Новак, Рафа и Роџер го направија за 15 години е неверојатно. Новак и денес е на терен и игра фантастичен тенис. Затоа најдобро е да почекаме и да видиме,“ додаде Синер.
ФОТО: EPA PHOTO