
Охрид го „нокаутира“ Тиквеш, Бутел подобар од Пелистер 2
Охриѓани имаа неверојатно прво полувреме, во кое му дозволија на Тиквеш да постигне само пет голови (15-5), па до крајот на мечот гостите од Кавадарци не успеаја посериозно да го загрозат ривалот (19-24).
Нападите на Бутел и Пелистер беа ептен расположени во првото полувреме во кое беа постигнати дури 35 погодоци (20-15), по што ефикасната игра продолжи и во вториот дел, а на крајот триумфира скопскиот тим со 36-29.
На последниот меч кој се играше во истиот термин, Пролет беше подобар од Куманово со 24-22.