
Секс-бомбата од УФЦ отвори „Онли Фенс“: За 24 часа заработив повеќе отколку цела кариера (ФОТО)
Таму Ван Зант нуди ексклузивна содржина за своите претплатници, а во последната изјава откри дека во првите 24 часа од отворањето на профилот заработила сума поголема отколку во текот на целата нејзина кариера.
„На Онли Фенс можам да бидам 100% своја - опасна, заводлива, неодолива. Би кажала само дека во првите 24 часа заработив повеќе отколку целата боречка кариера. Дефинитивно „Онли Фенс“ е мојот најголем извор на приходи“, порача Ван Зант.
Покрај работата со „Онли Фенс“ и кариерата во светот на спортот, таа се појави и во познатото шоу „Танц со ѕвездите“. Исто така одработи и неколку борби во боксот без ракавици.
Во УФЦ поради атрактивниот изглед брзо стана една од најпопуларните, а во 13 борби запиша осум победи и пет порази.