
Вечерва се игра најголемото дерби сезонава во ЛШ, Елмас може да стартува со нова улога
Дуелот помеѓу Барса и ПСЖ е и најголемото дерби од стартот на оваа сезона во најелитното европско натпреварување.
Двете екипи сезоната ја започнаа со победи во првото коло, Барселона на гости го совлада Њукасл со 2-1, додека ПСЖ дома беше подобар од Аталанта со 4-0.
Барселона игра во одлична форма од почетокот на сезоната и е во низа од пет победи во сите натпреварувања. Избраниците на Ханси Флик и понатаму се без пораз во првенството, единствено загубија два бода во ремито со Рајо Ваљекано во трретото коло.
Последниот меѓусебен дуел Барселона и ПСЖ го одиграа во четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2023/2024 кога се сретнаа во четвртфиналето и тогаш францускиот тим беше поуспешен во двомечот со вкупни 6-4.
Свој натпревар вечерва игра и Наполи на Елиф Елмас кој по поразот од Манчестер сити во минатото коло сега ќе се обиде да дојде до бодови против Спортинг. На вчерашната прес-конференција тренерот Антонио Конте најави и дека Елмас поради проблемите со повреди и суспензии би можел да го користи како десен бек, позиција на која македонскиот репрезентативец би играл првпат во кариерата.
Во останатите натпревари вечерва Каабах го пречекува Копенхаген, Њукасл гостува кај Ројал Унион и тоа се двете средби од 18:45 часот. Во 21:00 часот на теренот ќе излезат уште: Арсенал против Олимпијакос, Леверкузен ќе го пречека ПСЖ, Атлетик Билбао гостува кај Борусија во Германија и Јувентус го чека гостински натпревар кај Виљареал.
Фото: EPA