
Ѓоковиќ го дозна ривалот на стартот во Шангај – Хрват од кого двапати има загубено!
Тој до второто коло стигна по победата над Грузиецот Николоз Басилашвили (6-3, 7-6). Првиот сет го доби убедливо, додека вториот се реши во тај-брејк, каде Хрватот направи пресврт и го освои сетот. Средбата траеше околу еден час и половина.
Ова ќе биде пресметка против тенисери кои одлично се познаваат и за кои ова ќе биде 22. меѓусебен дуел. Досегашниот скор е 19-2 во корист на Ѓоковиќ.
ФОТО: EPA PHOTO