
ФФМ го реновира тренинг-центарот: Подобри услови за поквалитетни генерации (ВИДЕО)
Главниот зафат опфаќа обновување на теренот број еден, каде се поставува нов тревник со современа дренажа. Паралелно, уреден е и паркинг простор, како и пристапот до трибините на вториот терен. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, изјави дека со овие инвестиции центарот добива нов визуелен изглед и значително подобрени услови за работа.
„Создаваме современа инфраструктура која ќе овозможи подобар развој на сите национални селекции“, нагласи тој.
Тренинг центарот е отворен во 2013 година, а по само една година го доби името на нашиот легендарен голман, Петар Милошевски, кој во 2014 година трагично настрада во сообраќајна несреќа.