Вечерва во ЛШ: Многу емоции за Мурињо, „жешко“ гостување за Ливерпул, Реал голем фаворит

Вечерва во рамките од Лигата на шампионите се играат натпревари од второто коло кои не носат некои посебни дерби пресеметки, но секако има интересни дуели.

Терминот од 18:45 часот ќе донесе две средби, а во една од нив Реал Мадрид ќе игра против Каират на далечното гостување во Казахстан, додека во втората Аталанта ќе го пречека Клуб Бриж кој во првото коло го изненади Монако со 4-1.

Од средбите од 21:00 часот внимание привлекува натпреварот помеѓу Челси и Бенфика, најмногу поради Жозе Мурињо. Португалецот неодамна седна на клупата на португалскиот гигант, а сега ќе го води тимот на „Стенфорд Бриџ“ каде што помина прекрасни денови од кариерата, па за него секако дуелот ќе донесе и многу емоции.

Во изјавата пред натпреварот, Мурињо потенцираше дека, иако со Челси го врзуваат убави спомени, вечерва ќе направи се за неговиот тим да слави на крајот.

Ливерпул предводен од Арне Слот ќе има „жешко“ гостување во Истанбул кај Галатасарај која во првото коло беше декласирана од Ајнтрахт со 5-1, сепак пред своите фанови вечерва сигурно дека веруваат во изненадување.

На преостанатите средби, Интер ќе има фаворитска улога против Славија Прага, исто така и Баерн на гости кај Пафос, Бодо ќе го пречека англиски Тотнем, а неизвесно и интересно може да биде во пресметката помеѓу Марсеј и Ајакс.

Фото: SL Benfica