Јокиќ: Сакам да останам во Денвер засекогаш!

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ уште еднаш ја повтори својата желба да остане во тимот од Колорадо.

Српскиот центар на прес-конференција пред новинарите даде одговор и на прашањата за продолжување на неговиот договор.

„Не размислувам за тоа. Сè доаѓа природно. Мојот план е да бидам во Денвер засекогаш“, кажа Јокиќ.

Јокиќ игра за Денвер нагетс од 2015 година, откако претходно го носеше дресот на Мега Баскет.