Мурињо: Во Лондон се чувствувам како дома, но овој пат доаѓам да победам!

Легендарниот португалски тренер Жозе Мурињо заедно со Бенфика ќе гостува кај Челси на „Стемфорд бриџ“, а пред натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ) имаше само пофални зборови за неговиот поранешен клуб.

Мурињо кажа дека никогаш нема да го заборави периодот поминат во лондонскиот гигант со кој освои многу титули, но овој пат доаѓа да го победи среде Лондон.

„Челси засекогаш ќе биде дел од мојата историја и јас од неговата. Тука се чувствувам како дома, но повеќе не сум дел од Челси. Ја тренирам Бенфика и доаѓам да победам“, кажа Мурињо.

Натпреварот меѓу Челси и Бенфика се игра утре од 21 часот.