Џон Џонс се враќа од пензија за да се бори на УФЦ-спектакл во Белата куќа!?

Пред неколку месеци почнаа најавите дека американскиот претседател Доналд Трамп планирал да организира УФЦ-спектакл пред Белата куќа, а на него би можел да се појави легендарниот Џон Џонс.

Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт засега не попушта и кажа дека се минимални шансите за враќање на Џонс во рингот, но очигледно легендата сака повторно да се појави на УФЦ-настан.

Планот на американскиот претседател беше УФЦ-спектаклот да се одржи на 4 јули 2026 година, но засега не се откриваат повеќе детали.