Се запали алармот во Сити: Родри има нова повреда на оперираното колено

Најдобриот светски фудбалер за 2024 година Родри најверојатно го очекува нова пауза откако менаџерот Пеп Гвардиола објави дека повторно му е повредено коленото кое го оперираше лани.

Шпанскиот репрезентативец не играше против Барнли што предизвика чудење кај навивачите, но Гвардиола откри кои се причините за тоа.

„Пред натпреварот, на тренинг ми рече: Не сум во состојба да играм, чувствувам силна болка во коленото. Му реков да не игра штом не може, но уште ништо не знам, освен дека се работи за истото колено кое го повреди лани“, објави Гвардиола.

Родри лани ги скина лигаментите на коленото на десната нога и поради тоа пропушти 53 натпревари на Манчестер Сити. Од неговата повреда почна кризата на премиерлигашот кој минатата сезона ја заврши без освоен трофеј.