
Навивачите на Партизан збеснаа по првото интервју на големото засилување (ВИДЕО)
Партизан веднаш по пристигнувањето на Муринен објави и видео од неговото прво интервју, меѓутоа така предизвика и голем број негативни коментари.
Најмногу на навивачите на Партизан им пречеше што никаде на себе пред камерата не го носи грбот на Партизан. Исто така се критикуваше и новиот слоган на клубот за овааа сезона „Славно име, вечно живее“.
„Каде е грбот на Партизан, Муринен потпиша за „Славно име, вечно живее“? Што правите вие, дали сте нормални?“.
„Во кој клуб дојде овој играч? Оваа на ништо не личи“.
„Мене слоганот од минатата година ми беше врв, ова ужас. Како да е смислен од вештачка интелигенција“, гласат дел од коментарите под видеото.