
Луд натпревар во Менхенгладбах: Борусија и Ајнтрахт постигнаа десет гола (ВИДЕО)
Славеа гостите со 6-4, но колку што е интересен конечниот резултат, толку е и текот на натпреварот и редоследот на постигнатите голови. Ајнтрахт по првото полувреме водеше со 5-0, а на стартот на вториот дел го постигна и шестиот гол при што стрелец на два погодока беше Кох, а по еднаш погодија Кнауф, Букарт, Чалби и Узун.
Резултатот 0-6 важеше до 72. минута кога почна серијата на Борусија Менхенгладбах. Кастроп почна, Табаковиќ продолжи, а веќе во 83. минута беше 3-6, па гостите мораа да задржуваат време за победата да не им дојде во опасност и поради тоа добија два жолти картона. За нивна среќа, Борусија до крајот, во 99. минута постигна само уште еден гол.
За Ајнтрахт ова беше трета победа сезонава и со девет бода е на четвртото место на табелата во Бундеслигата. Борусија е на последното место со само два бода, а досега постигна само пет гола од кои четири вечерва.