
Рајковиќ нацрта, Луис реализира - Тофаш го победи Фенербахче (ВИДЕО)
Тимот од Истанбул е актуелен турски и европски шампион, предводен од еден од најдобрите тренери на континентот Шарунас Јасикевичиус, но Рајковиќ потврди дека може да се носи и со евролигашките стручњаци. Кошот за победа на Тофаш беше постигнат со истекот на времето, а го реализира Максвел Луис кому тоа му беше прв на мечот.
Емил Рајковиќ има огромна заслуга за триумфот бидејќи откако дозна дека го има последниот напад, зеде тајмаут и ја нацрта акцијата по која Луис постигна кош за победа.