
Интер рутински до победа на Сардинија (ВИДЕО)
Тоа е втор триумф во низа и трет оваа сезона за „нерааѕурите“ кои уште ја бараат својата форма и засега се далеку од првото место на кое е Наполи. Победата ја најави Лаутаро Мартинез уште во деветтата минута, а на потврда на триумфот се чекаше до 82. минута кога Еспозито стави точка на мечот.
Каљари при негатива од 0-1 имаше голема шанса, но ја погоди стативата и не успеа да дојде барем до бод, но сепак засега се наоѓа во горниот дел од табелата во Серија А.