Уште еден малер го удри ПСЖ: Витиња се повреди на четири дена пред мечот со Барса

Актуелниот европски шампион ПСЖ ќе биде драстично ослабен на гостувањето кај Барселона в среда, имајќи предвид дека тренерот Луис Енрике нема да може да смета на безмалку половина стартна постава.

Во првото полувреме од денешниот меч против Оксер се повреди и Витиња кој во 35. минута побара замена и го напушти теренот. На негово место влезе Ашраф Хакими, а засега нема уште официјална информација за каква повреда на Витиња се работи. Да  биде маката на навивачите на ПСЖ поголема, во второто полувреме на теренот не се појави ни Квича Кварацкелија, но не се знае дали тој е повреден или само Луис Енрике донел таква одлука.

Витиња е само еден од низата фудбалери на ПСЖ кои се повреди и кои најверојатно нема да се појават на дуелот против Барселона. Одамна е познато дека за Шпанија нема да патуваат ни Дембеле, Баркола и Дуе, а последните два дена се повредија уште Фабијан Руиз, Маркињос и Жоао Невес.