Историско дерби во Мадрид: Атлетико го прегази Реал! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид во  една од нјдобрите пресметки помеѓу градските ривали во последните години славеше над Реал со 5-2 и така го нанесе првиот пораз на големиот ривал сезонава.

Шоуто беше најавено во 14. минута кога Ле Норманд ја погоди мрежата на „кралевите“. Реал успеа да го сврти резултатот крајот на првото полувреме со головите на Мбапе и Ѓулер во 25. и 36. минута, сепак и Атлетико постигна уште еден гол во првите 45 минути преку Сорлот. Мрежата на гостите ја затресе и Ленгле, но тој гол беше поништен поради ига со рака.

Возбудувањата продолжија по само пет минути игра во вториот дел, Атлетико доби пенал, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Хулијан Алварез.

Аргентинецот беше стрелец и на четвртиот гол и тоа од слободен удар во 64. минута. Така Алварез само ја продолжи одличната форма откако пред три дена постигна и хет-трик.

Точка на натпреварот за и дебакл на „кралевите“ стави Антоан Гризман за конечни 5-2 во 94. минута.

За Атлетико ова е историска победа бидејќи цели 75 години „јорганџиите“ немаа постигнато пет гола во пресметките со градскиот ривал.

Фото: EPA