ВАР повторно потфрли во Англија: Зошто не беше поништен голот на Ливерпул (ВИДЕО)

Eкипата на Кристал палас со 2-1 го совлада Ливерпул и така им го нанесе првиот пораз на „црвените“ сезонава.

Ливерпул во завршницата во 87. минута израмни преку Киеза, а Палас во продолжението сепак успеа да дојде до гол и три бода.

Но, по натпреварот дебата се води за тоа зошто е беше поништен голот на Ливерпул, иако ВАР се прегледуваше и можеше да се види дека има игра со рака на Салах пред Киеза да погоди.

 

За Палас сега ова не е премногу важно бидејќи секако ги освоја трите бода, меѓутоа сигурно ќе имааше погласни реакции, ако резултатот останеше 1-1.