
Куманово со минус седум се враќа од Литванија
Кумановки загубија со 25-32 и на реваншот на домашен терен идната недела ќе треба да надополнат седум гола негатива што ќе биде исклучително тешко. Нашиот тим постојано беше во негатива, но на крајот од првото полувреме разликата изнесуваше само еден гол (14-15). Тотален колапс доживеа во вторите 30 минути во кои Литванките доминираа и дојдоа до убедлива победа.
Азеведо беше најефикасна во тимот на Куманово со 11 гола, а седум постигна Мителштад. Реваншот во Куманово се игра идната сабота.