
И по седум години, Јуве не може да ја победи Аталанта на домашен терен (ВИДЕО)
Звучи неверојатно, но веќе осма година торинскиот тим не успева да го победи противникот од Бергамо пред своите навивачи на меч од италијанското првенство. Последниот триумф датира од 14 март 2018 година и со оглед на тоа што овие две екипи повторно ќе играат во Торино идната година, јасно е дека ќе поминат осум, па можеби и девет години од последната победа на Јуве против Аталанта.
И вечерва гостите беа поблиску до победата, но не ја издржаа последната третина од мечот. Поведоа преку Сулемана во судиското продолжение од првото полувреме, а Јувентус дојде до бод благодарение на голот на Кабал кој само две минути претходно влезе во игра.
Во 80. минута, Аталанта остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Де Рон, но Јувентус не успеа да го материјализира тоа. По пет одиграни натпревари и Јувентус и Аталанта се без пораз, но „бјанконерите“ се втори со 11, а тимот од Бергамо е петти со девет бода.