
Охрид славеше во Битола, Алкалоид се прошета низ Радовиш
Охрид славеше против вториот тим на Пелистер со 25-22 во меч во кој победникот се решаваше во последните три минути. Пред крајот на 57. минута, Пелистер 2 беше на само еден гол негатива (22-23), но до крајот не успеа да постигне гол, па Охрид со два во низа стигна до победата, втора во досегашниот дел од сезоната.
Во екипата на Охрид најефикасни беа Ѓукиќ со девет и Ојлески со седум гола, додека за битолскиот тим Азиз постигна девет, а Одифред шест гола.
За разлика од Охрид, Алкалоид немаше проблеми на гостувањето кај Радовиш и победи со 35-23, исто така остварувајќи ја втората победа во сезоната. Фаворитот се одлепи уште во десеттата минута кога поведе со 9-4, во 23. минута беше 16-9, а на голем одмор се замина со 18-13 за гостинскиот тим. Радоовишани се држеа до 40. минута кога беше 22-18, но следуваше серија од 7-1 со која, практично, беше решено прашањето околу победникот.
Здравко Постолов од Радовиш беше прв стрелец на мечот со осум гола, а во победничкиот табор се истакна Улфар Тордарсон со шест, додека по пет дадоа Стојковиќ и Ѓорговски.