
Фаворитите потфрлија во Премиер лигата, сигурен само Манчестер сити! (ВИДЕО)
Екипата на Челси на свој терен загуби од Брајтон и тоа со пресврт 3-1 откако на полувремето имаа водство. Енцо Фернандез по 24 минути игра го отвори резултатот и тоа беше единствениот гол во првите 45 минути. Проблемите за „сините“ започнаа на стартот од вториот дел кога исклучен беше Чалобах.
Со фудбаалер повеќе на теренот, Брајтон во продолжение беше подобар противник и тоа го икористи прво преку Велбек во 77. минута, а потоа за победа во самата завршницаата Брајтон постигна два гола преку Де Кјупер и повторно Велбек.
Пораз попладнево забележа и Ливерпул од Кристал палас за кој ова беше првпат да испушти бодови сезонава. Сар уште во деветтата минута го доведе Кристал палас во воство, а за најголемите возбудуваања се чекаше самиот крај. Прво Киезаа погоди за Ливерпул и кога се мслеше дека „црвените“ ќе го избегнат поразот, Никетиа во седмата минута од судиското продолжение ги шокираше избраниците на Слот.
Манчестер сити не дозволи никаква драма и со 5-1 го прегази Барнли. Два автогола на овој дуел си постигна дефанзивецот на гостите Макссим Естив, два постигна Халанд и еден беше дело на Нунеш. Антони го постигна утешниот гол за тимот на Барнли.
Во преостанатиот натпревар Лидс и Бормут ремизираа 2-2.