
Нејмар ќе тужи новинар кој упати жестоки обвинувања за Бразилецот!
Гомез во пренос во живо сподели информации за Нејмар кои наводно ги добил од близок човек до бразилскиот фудбалер.
Тој рече дека Нејмар е човек кој е зависен од виски со енергетски пијалоци, дека пуши наргиле и си легнува околу 4 или 5 наутро.
По ваквите објави на новинарот веднаш реагираше „НР Спортс“ која најави тужба за новинарот поради како што велат тие лагите и измислиците кои можат да му наштетат на имиџот на Нејмар.
„НР Спортс“ жестоко реагираше и сподели дека ќе ги искористи сите правни механизми за вистината да биде задоволена и новинарот да биде казнет за она што го кажа.