Олеснување за Реал - повредата на Мбапе не е сериозна

Тренерот на Реал, Чаби Алонсо може да здивне бидејќи повредата на најдобриот стрелец во Ла Лига и Лигата на шампионите, Килијан Мбапе не е сериозна и тој нема да мора да паузира.

Мбапе мораше да го напушти теренот на десетина минути пред крајот на вчерашниот натпревар против Азербејџан поради болки во зглобот од кој страда од почетокот на сезоната, ама сето тоа може брзо да се санира.

„Состојбата на Мбапе не е сериозна, тој ќе тренира нормално претстојната недела, заедно со своите соиграчи и ќе биде подготвен за настап на дуелот против Гетафе, на гостински терен“, изјави докторот на Реал.

Поради повредата, напаѓачот не го доигра ни минатонеделниот натпревар против Виљареал на кој постигна гол, но излезе од игра во 83. минута.