
Магија на Столе во Гент - фудбалскиот гол го намали да личи на ракометен (ВИДЕО)
Белгијците упатија 25 удари кон македонскиот гол, но само мал број завршија во рамките на стативите. Димитриевски блескаше токму кога беше најпотребно и со пет извонредни одбрани кои практично го одлучија исходот на натпреварот. Неговите реакции покажаа мирна сигурност и голманска класа, која се уште ја држеше Македонија во игра за првото место во групата за СП 2026.
Многумина по средбата се шегуваат дека нашиот голман магично успеал да го намали фудбалскиот гол, кој е долг седум метри, да личи на ракометен, кој е неколку пати помал, а згора на тоа и им ја „спуштил ролетната“ на ѕвездите од Белгија.
ФОТО: EPA PHOTO