Силен удар по Арсенал: Одегард два месеца во аут!?

Арсенал се најде на чело на табелата во Премиер лигата по осум одиграни кола, но Микел Артета се соочува со големи проблеми во составот.

Во следните два месеца, „топчиите“ најверојатно ќе биде без својот капитен Мартин Одегард кој има повреда на коленото. Минатата недела тој влезе во историјата на Премиер лигата откако стана прв фудбалер што бил изваден од игра во првото полувреме на три натпревари по ред.

Поранешен доктор на норвешката репрезентација, кој е запознат со ситуацијата на Одегард смета дека плејмејкерот ќе мора да ја санира повредата, но за тоа ќе му биде потребно време. Тој вели дека рехабилитацијата ќе трае меѓу шест и осум недели што значи дека Одегард би се вратил во декември, а за тоа време ќе пропушти голем број натпревар во англиското првенство и Лигата на шампионите.