
Македонија ќе се соочи против Кипар во Дејвис Купот
Селекцијата на Македонија ќе се соочи против Кипар на почетокот на следната година, односно терминот е 6 и 7 февруари или 7 и 8 февруари, кои дополнително ќе бидат утврдени.
Македонскиот тим оваа година успешно избори промоција во Втората светска група од Дејвис Купот, а во дуелот против Кипар ќе ја бара втората победа, откако во претходните три меѓусебни средби два пати славеше нашиот ривал (1-2).